| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина Астеруд: Навистина, преглед, па баш за тие цели?

Навистина, преглед, па баш за тие цели? Во земја во која по сила на закон ( ЗРО) трудниците, како обврска, не како право, одат на породилно месец дена пред пресметаниот термин за породување ?!!!, пишува Каролина Ристова Астеруд, професорка на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, коментирајќи ја одлуката за преглед на ГАК на Гордана Јанкуловска.

„Судијката, барем по системско толкување, нели открила со која логика законодавецот така го ставил, да не е онаа истата која сега докторите ќе ја „утврдуваат”, иако е правно претпоставена и вградена во законодавството на земјата, за сите бремености независно од ризичноста ? Тоа е проблематично решение од друг аспект , но тоа не е тема тука. Во контекстот на овој случај тоа и такво законско решение ipso jure ( по сила на правото ) и те како е релевантно за судијката и е проблематично од каде и е одлуката за преглед , која и е целесообразноста за нешто што треба да има ефект на правна претпоставка . Секако проблематично е и од низа други аспекти во правото, сосе непотребното зголемување на трошоци на грбот на данокоплаќачите, сосе на оние кои мислат дека „смешката” е на туѓ грб, а всушност е и на нивен, ако успеат малце тоа ниските емоции да ги заменат со рацио и правна култура, а и етика, се саде кондензирана практична мудрост и рационалност, сосе за големата слика во едно општество“ вели Ристова Астеруд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top