| четврток, 6 декември 2018 |

Вулканот во Гватемала не стивнува, 192 исчезнати, 75 мртви

Најмалку 192 лица се исчезнати, а 75 се мртви како резултат на експлозиите на вулканот Фуего во Гватемала што почнаа во неделата.

Спасувачите вчера рекоа дека нивната работа била прекината поради нова ерупција што исфрли жежок гас и растопени камења од вулканот. Повеќе од 1,7 милиони луѓе се засегнати од вулканската ерупција, од кои над 3.000 се евакуирани.

Вчерашната експлозија беше изненадување, со оглед на тоа дека вулканолозите рекоа дека нема да има нови ерупции. Еди Санчез, шеф на Националниот институт за сеизмологија на Гватемала, предвиде дека нема да има нови ерупции во следните неколку дена.

Вулканологот Метју Вотсон за „The Independent“ направи анализа зошто оваа ерупција на Фуего резултираше со толку многу жртви.

– Експлозивната ерупција на вулканот во јужа Гватемала резултираше со чад и пепел што го покрија главниот град. Тој вулкан е активен веќе три години, а ерупции имаше на од прилика секои 25 дена. Сепак последната ерупција беше исклучително погубна за околните населени подрачја бидејќи предизвика распукување на тлото од многу поголеми рамери во споредба со изминатите години. Вулканскиот материјал ја затрупа околината, ги отсече патиштата, што ја отежна евакуацијата и напорите за спасување на локалното население. Може да се рече дела делумно виновна е и слабата инфраструктура околу вулканот Фуего – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top