| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје се отвора Музеј на илузии

Во Скопје денеска ќе биде отворен Музеј на илузии кој ќе придонесе за зголемување на забавните содржини на градот, но и несомнено ќе биде место каде покрај домашните гости интерес ќе пронајдат и странските туристи.

Пред присутните на отворањето ќе се обратат Благица Илиќ, ПР на Музејот на илузии и директорот на Агенција за промоција на туризмот Љупчо Јаневски.

Предвидено е заедничко разгледување на Музејот, а како што велат организаторите нудат „ незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција, која нуди многу забава низ трите ката проткаена во мноштво соби и галериски експонати“.

Музејот се наоѓа на улица Максим Горки бр. 10, Скопје, спроти швајцарска Амбасада.

Музејот ќе работи секој работен ден од 8 до 20 часот, а за време на викендите од девет часот до 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top