Преговорите меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија траеле цела година, а оној во Скопје што одлучил да ја преименува црквата би требало да се награди, објави „Алфа телевизија“.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за телевизијата ЕРТ фрла нова светлина врз писмото на МПЦ во кое таа го моли Вселенскиот патријарх да ја признае нејзината афтокефалност и покажува подготвеност да се откаже од терминот Македонска во нејзиниот назив. Остро критикувајќи ја Грчката црква дека како институција не треба да се меша во проблемот со името, Коѕиас вели дека нејзиниот Свет синод добро знаел за преговорите и тоа уште на почетокот на годинава кога се одлучи да ги поддржи протестите во Атина и Солун. Уште еднаш ја поткрепи грчката вистина за содржината на писмото кое македонската јавност и натаму не може да го прочита.
– Преименувањето на Македонската православна црква во Охридска архиепископија би требало да се поздрави. Би требало да им се даде награда на луѓето од Скопје за размислувањето, за храброста, одново да се вратат на нивното традиционално и непровокативно име – вели Коѕијас.
Дека МПЦ играла на две карти е јасно бидејќи преговорите со Вселенската патријаршија очигледно се случувале во времето кога МПЦ побара од БПЦ да и стане мајка-црква, да и помогне да стекне афтокефалност и да ја застапува пред другите православни цркви. Од Светиот синод инсистираат дека никогаш не барале македонската црква да биде преименувана во Охридска Архиепископија а тоа го вели и премиерот Заев кој исто така испрати писмо до Вселенската патријаршија со молба да помогне во решавањето на црковниот проблем. За јавноста остана нејасно зошто премиерот на секуларна држава воопшто се обидувал да помага во чисто црковен проблем, уште повеќе што министерот на соседната држава со неспоредливо посилно религиозно влијание, јасно и става до знаење на Грчката црква дека не треба да се меша во проблеми што не ја засегаат, алудирајќи на спорот за името.
Дека сепак се е поврзано вчера потврди грчкиот премиер Ципрас кој на средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј рече дека комуникацијата меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија ја поздравува како „обид за решавање на црковниот аспект од разликите што постојат меѓу Грција и ПЈРМ“. Вартоломеј пак мудро се задржа само во сопствената сфера истакнувајќи дека проблемот со „црквата во Скопје“ е дел од канонските обврски на Вселенската патријаршија која се обидувала да ги остранува расколите каде што постојат и да работи на православна обединетост и соработка. Од МПЦ искажаа воздржаност во врска со овие разговори но за Алфа кратко прокоментираа дека Вартоломеј како Вселенски патријарх не зависи толку многу од грчката страна и своите одлуки нема да ги носи под нивни влијание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст