На 22 мај официјално се регистрираше првото Здружение за кардиоторакална хирургија на Р. Македонија кое ги спојува кардиоторакалните хирурзи од јавното и од приватно здравство во земјава и странство.
Во иницијативниот одбор на Здружението се Проф. д-р Горан Кондов, спец. д-р Омер Џемаили, спец. д-р Оливер Бушлетиќ, Проф. д-р Зоран Спировски, Проф. д-р Александар Николиќ, проф. д-р Андреја Арсовски, спец. д-р Владимир Емануловиќ Белостоцки, спец. д-р Елвис Мустафа, спец. д-р Петар Ристевски и спец.д-р Владимир Чадиковски . За прв претседател на здружението е избран спец. д-р Владимир Чадиковски.
Целта на ова здружение е да овозможи подобар пристап и информираност на своите членови за сите новини во светот од областа на срцевите и торакални интервенции, промоција на истражувањата кои се од јавен интерес со цел да се афирмираат позитивните резултати кои ги дава оваа хируршка дејност. Здружението ќе обезбеди можности за континуирана медицнска едукаци на своите членови за да се унапредат и усовршат кардиохируршките интервенции во нашата држава..
Во октомври, Бордот на Европското Здружение за Кардиоторкална хирургија ке го предложат и прифатат новото здружение кардиоторакална хирургија од РМ како рамноправно здружение на европското.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


