Захир Бекири-Чауш, еден од најблиските соработници на партискиот врв на СДСМ во екот на кулминацијата на политичката криза во земјата се налути. Тој, по акцијата на полициската единица „Тигри” во тетовското село Ларце, во која беше застрелано лице со дебело криминално досие, барано повеќе од една деценија, на својот ФБ профил напиша:
– Падна првата жртва од новиот режим. Албанец во Тетово, Бог да го прости. До актуелната власт, не тепавте во Бит пазар, во Гостивар, во тетово за Универзитетот, сега пола полицајци од тој Универзитет имаат дипломи. Ви веруваме нарочито јас! Не сјебавте сите, а мене посебно со кејф. Е па идете у пичку матер, доста беше.
Очигледно, директниот актер во нарачаната акција „фалсификувани лични карти и пасоши”, што требаше да и се припише на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, настанот во Ларце не го сфатил како обично играње камај. Како што, впрочем, ја сфати полициската акција во кумановско Диво Насеље актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов. Не заради бројот на жртвите, далеку било! Во прашање е етничката припадност на жртвата и самото име на играта. За Чаушот, не е важно што станувало збор за лице со дебело криминално досие, туку важно е што тој бил Албанец! А, кога станува збор за Албанец, тој припаѓа на „туѓа територија”, на „туѓо царство”! На „царството на Чаушот”! За вака тој да се налути, изгледа некој не се придржува „до договореното„. Како во детската игра мое царство.
Неколку часа траела акцијата на специјалците на МВР за приведување на 38 годишниот Ј.Р. По претходно направен план, полицијата ја опколило куќата на криминалецот но тој веднаш дал отпор. Во самоодбрана фрлил рачна бомба. Од МВР велат дека по ова облекол панцир, со себе зел автоматска пушка со три рамки оружје, пиштол и четири рачни бомби па побегнал на околу 200 метри од својот дом. Со ова не престанала престрелката. Тој повторно се обидел да фрли рачна бомба кон специјалците но бил застрелан.
Малкумина од жителите сакаа да говорат за акцијата на МВР. Роднините на убиениот не дозволуваа да се снима нивниот дом. Рекоа дека во селото имало многу полиција и таа ја снимала целата акција.
Речиси половина ден беше забранет пристапот во Ларце. Увидни екипи на полицијата и обвинителството неколку часа собирале докази од местото. Доцна попладне сите заедно го напуштија селото.
Според МВР, 38 годишниот криминалец бил баран за издржување 27 годишна затворска казна. Бил осуден за дури шест кривични дела. Обвинителствата во Скопје и Тетово го гонеле за убиство, обид за убиство, нелегално поседување оружје, грабнување, кражба на возила, учество во тепачки.
Пишува: Предраг Димитровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.