| четврток, 6 декември 2018 |

Што им подари кралицата Елизабета на принцот Хари и Меган Маркл?

Иако кралскиот пар треба да се откаже од поголемиот број на своите свадбени подароци во вредност од осум милиони фунти, кои ги добија од непознати лица и компании кои преку нив сакаат да остварат промоција и профит, сепак еден поклон, оној од кралицата Елизабета Втора, ќе остане во нивна сопственост.

При изборот на својот подарок за својот внук и неговата сопруга, за кралицата Елизабета може слободно да се каже дека беше прилично дарежлива.

Подарокот достоен за една кралица всушност е куќата Јорк на имотот во Сандрингам. Подарокот е околу 800 хектари земјиште, на чија површина се простира и имотот, објавија британските медиуми.

Од тоа, 240 хектари сочинуваат јавен парк, а 240 хектари градина, која воедно е поврзана со главната куќа.

Имотот всушност датира уште од времето на кралот Едвард Шести, кој куќата му ја подари на својот син, кралот Џорџ Петти во 1983 година.

Хари и Меган моментално престојуваат во куќа во Нотингем која е сместена на просторот во Кенсингтонската палата, додека својот нов дом ќе го користат како одморалиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top