| четврток, 6 декември 2018 |

Висар Вишка – советник за сѐ во Култура

Актерот од Македонскиот народен театар Висар Вишка ќе биде советник во Министерството за култура откако функцијата прв човек во оваа институција ја презема новиот министер Асаф Адеми од скопското крило на Беса предводено од Африм Гаши.

Информацијата дека Вишка ќе биде советник во Министерството за култура, ја потврди и лично актерот за „Независен весник“. а вчера се појавија и фотографии на социјалните мрежи.

„Ќе го советувам за сè“, вели Вишка, додавајќи оти иако министерот е помлад од него, се познаваат одамна од детството од нивниот роден град.

Адеми на вчерашното примопредавање на министерската функција од Роберт Алаѓозовски во Министерството за култура дојде заедно со Вишка.

Глумецот беше заедно денес со министерот Адеми, на неговото прво официјално појавување на Симпозиумот за менаџмент во културата, организиран од Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста Локомотива Скопје.

Адеми по професија е градежен инженер, досега бил управен директор на Канцеларијата на меѓународната компанија ИНСКЕЈЛ Глобал во Скопје, а има и дипломатска кариера како поранешен амбасадор во Данска. На изминатите локални избори лани беше кандидат на Беса за градоначалник на Гостивар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top