| четврток, 6 декември 2018 |

Нема назад: Преговорите се комплетно промашени

Подготвени сме да капитулираме ако се водиме по клучните барања на соседната земја. Токму поради тоа преговори се водат за да најде симетрично решение внатре во рамката на тие преговори. Ако ние ја прифаќаме црвената линика како конечна позиција, тогаш беспредметно е да имаме преговори, дециден е претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, кој вечерва гостуваше во дневникот на Сител.

Одговорот на Мицкоски на коментарот дека јасниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека не прифаќа измени на уставот со цел промена на уставното име, што е клучното барање на Грција, значи дека партијата е против изнаоѓање решение во овој момент е да се побара виновникот кој ја поставил Македонија во позиција црвените линии на другата страна да бидат единствено можно профатливо решение за нашата земја.

-Комплетно погрешно воден процес на преговори, комплетно погрешна методологија беше применувана и најважно од се – комплетно погрешни луѓе го водат целокупниот процес, бидејќи имаме политичар кој целото свое владеење го темели на лага. За жал, нема назад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top