Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечрва гостива во вестите на Сител, неколку дена по првиот митинг откако е на чело на партијата, не е изненаден од коментароте на СДСМ дека не слушнале ништо ново на митингот и дека тој, како нов лидер, всушност, ја продолжува политиката на старото раководство предводено од Никола Груевски и ја влече земјата назад.
-Единствено мерило за нас како политичари е гласот на народот, на оние десетици илјади граѓани кои од цела Македонија се собраа нешто пред 20 часот пред платото на Владата на Република Македонија и громогласно кажувајќи му го своето мислење на Зоран Заев.
Тој се сложува со СДСМ дека земјата оди назад, а за тоа постои само една причина со име и презиме – Зоран Заев.
-Една година откако ВМРО-ДПМНЕ е во опозоција и само пет и пол месеци откако бев избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, направивме народен собир на кој граѓаните му кажаа едно големо НЕ на Зоран Заев за политиките кои ги води не само на домашен туку и на меѓународен план. Мислам дека паметен политичар треба да извлече поука од она што се случуваше во саботата, и врз основа на таа поука да води политики со кои ќе обезбеди подобар живот за граѓаните.
Со жалење Мицкоски констатира дека Заев за оваа една година откако е премиер не успеал да ја оствари главната цел на звањето премиер и политичар – да обезбеди подобар живот за своите сограѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст