Француското финансиско обвинителство покрена истрага против генералниот секретар на Елисејската палата, Алексис Колер после обвиненијата за корупција.
Обвинителството соопшти дека истражителите ќе испитаат дали се почитувани прописите поврзани за судирот на интереси после извршувањето на јавната функција, пренесува „АП“.
Француското здружение „Антикор“ го сомничи Колер, шефот на кабинетот и еден од најблиските соработници на францускиот претседател Емануел Макрон, за судир на интереси во врска со неговата поврзаност со Медитеранската шпедитерска компанија (MSC).
Колер има семејни врски со оваа компанија, чие седиште е во Женева.
Тој работел како висок претставник во Министерството за финансии од 2014 до 2016 година, за потоа да стане финансиски директор во компанијата MSC, наведува американската агенција.
На тимот на Макрон му се приклучи после претседателските избори во мај 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.