Пораката дека Атина го чека „решителниот чекор“ од Скопје, уште еднаш ја повтори портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио 247, но и додаде дека во овој момент никој не бара одново да се отворат преговорите.
– Се наоѓаме во финалната фаза. Е сега, ако постојат некои небитни детали кои можат да одат во една или во друга насока, тоа во никој случај не е отворање на преговорите во нов циклус. Напротив, ви реков дека она што го очекуваме во овој момент е решителен чекор од страна на раководството на ПЈРМ, вели Ѕанакопулос.
-Сега, она што ние го очекуваме е г. Заев да го направи решителниот чекор и да го прифати токму овој договор, нешто што мислам дека ќе биде и последниот потег што ќе доведе до завршување на преговорите, објасни Ѕанакопулос.
извор: либертас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор
-
Ѕанакопулос: Договорот од Преспа не само што е жив, туку е и централна политичка цел за нас
-
Ѕанакопулос: Постои силна политичка сила во соседната земја што се обврзува да направи ревизија на Уставот
-
Ѕанакопулос: Нема да има договор без ерга омнес и уставна ревизија