| четврток, 6 декември 2018 |

По силното невреме метеоролозите повторно со лоши вести

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната 26 до 33 степени.

Во Скопско исто така претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне со зголемена облачност и со појава на локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 14 до 30 степени.

Денеска и утре во претпладневните часови ќе биде сончево, а попладне нестабилно особено во планинските региони. Ќе има појава на пороен дожд, грмежи и можна е појава на град. Во вторник се очекува облачност уште од претпладне, а и понатаму ќе биде нестабилно во попладневните часови. Од вторник северозападниот ветер ќе преминува кон западен и југозападен, а во среда краткотрајна нестабилност е можна на југот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top