| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту Меси, ниту Роналдо, ниту Нејмар, ова е најскапиот фудбалер

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн со 201,2 милиони евра во моментов е најскапиот фудбалер на светот според анкетата на реномираната фудбалска опсерваторија на Меѓународниот центар за спорт студии (CIES).

Организација од Нојшател вредноста на играчите ја одредува според клубот, лигата, годините, репрезентацијата и договорот со клубот.

Кејн се наоѓа на врвот, пред тандемот на Пари Сен Жермен, Нејмар и Килијан Мбапе кои се проценети на 197,5 и 186, 5 милиони евра.

На четвртото место на оваа листа е Лионел Меси со 184,2 милиони евра, а него е Мохамед Салах од Ливерпул (171,3). По нив следуваат Деле Али од Тотенхем (171), Кевин Де Бруин од Манчестер Сити (167,2), Антоан Гризман од Атлетико Мадрид,…

Изненадување е пласманот на Кристијано Роналдо, официјално најдобриот играч во светот. Португалецот од Реал Мадрид е на 24. место со проценета од „само“ 103.4 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top