Деновиве излезе од печат најновата поетска книга на Сузана В. Спасовска, „Пеперутка од пепел“, како самостојно издание. Пеперутка од пепел“ е петта стихозбирка на авторката.
Рецензент на книгата е Владимир Мартиновски, кој истакнува дека поетското писмо на Спасовска е неразделно од митското, мистичното и сакралното и дека митопоетскиот супстрат се препознава не само во секоја песна, туку и во обликувањето на суптилно осмислените десет поетски циклуси
– Всушност, во секој циклус има по неколку атнологиски стожерни песни кои ја откриваат митско-мистичната тематска оска кон која гравитираат и останатите песни – пишува во рецензијата на Мартиновски.
„Во контекст на митско-книжевниот топос на метаморфозата, во најновата поетска книга на Сузана В. Спасовска нѐ дочекува една извонредна минијатура на оваа вечна тема: песната ’Преобразби‘ е елиптичен поетски рекапитулар на човековиот живот низ призма на врските со природните елементи.
…Оттука, пред нас е книга која не само што говори за преобразбата туку и врз неа се темели: далечните митски палимпсестни пластови и ’јагленски митски горива‘ во песните од ’Пеперутка од пепел‘ на Сузана В. Спасовска се претворени во раскошна збирка од поетски дијаманти“. (од рецензијата на проф. д-р Владимир Мартиновски)
Сузана В. Спасовска е родена во јуни, 1972 година во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во моментов работи на својата докторска теза од областа на орфизмот и поезијата. Досега објавила четири стихозбирки – „И љубов и заговор“ (1996, Македонска книга), „Смртно писмо“ (2004, Блесок), „Божествена жена“ (2006, Темплум), „Низ темјанот, еден лилјан“ (2014, Антолог), а „Смртно писмо“ е објавена и како е-книга.
Нејзини песни се застапувани во некои од антологиските избори на современата македонска поезија. Во 2006 година ја приредила и антологијата на поновата македонска поезија „Пурпурни извори“, во издание на Струшките вечери на поезијата. Пишувала и објавувала книжевно-теориски текстови во периодиката. Работи како професионален лектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст