На 11 јуни, понеделник, во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се изведе претставата ,,Железниот светилник’’ заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев кој е роден во Прилеп. Генерален спонзор на одржувањето е Фондација ,,Илија Камчев’’, а истата се реализира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура и Министерството за одбрана на Република Бугарија.
Димитар Талев е дводомен писател кој е исклучително почитуван и се смета за врв на бугарската книжевност и еден од најчитаните и најпопуларните литературни творци. Оние кои го читале знаат дека тежината на неговите дела не се мери само во напишаните зборови туку и во емоциите кои тој така умешно ги постила низ редовите. Отворајќи ја својата душа и предавајќи ја целата своја креативна енергија, Талев остава зад себе дела со неизмерна големина, неодминливост и трајност. Неговото трпеливо испитување и бележење на настаните кројат бурни приказни за едно време и едни судбини кои тој успешно ги оживува преку зборовите и прави истите до денес живо да пулсираат и греат.
Помеѓу другото, Талев е доживеан и како писателот кој во ,,Железниот светилник’’ преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп како никој дотогаш.
Овој културен настан говори за тоа дека потпишаниот Договор за добрососедски односи помеѓу двете држави покрај тоа што обезбедува отворени можности за економски и политички развој, пред сè, со проширување на аспектите на истиот и запознавање на културите на двете земји ги поставува и темелите на пријателството и добрососедството.
Се очекува гости на претставата во МНТ да бидат и премиерот на Македонија Зоран Заев како и премиерот на Бугарија Бојко Борисов кои на овој начин, заедно ќе ја изразат својата поддршка во насоката на развој на културата во двете земји.
Театарот на Бугарската Армија кој е еден од најголемите и најуспешните театри во својот репертоар ја вклучува оваа претстава од 2011тата година со повеќе од 150 изведби. Освен во МНТ во Скопје, претставата ќе биде одиграна и во Охрид на 12.06 во НУ Центар за Култура ,, Григор Прличев’’, во Народниот театар во Битола на 13.06, во родниот Прилеп на Димитар Талев на 14.06 во Народниот театар ,,Војдан Чернодрински’’, во Центарот за култура ,,Антон Панов во Струмица на 15.06 и во НУ центар за култура ,,Ацо Шопов’’ во Штип на 16.06.
Нексромните квалитети на Димитар Талев и маестралноста на ,,Железниот светилник’’претставуваат неверојатен предизвик да се постават на сцената и ветуваат спектакл за кој што и да се каже, пред да се погледне, ќе биде малку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст