| четврток, 6 декември 2018 |

По месец и пол, откако се и тргна наопаку, Беквалац објави фотографија со нејзиното бебе (Фото)

Откако животот и тргна наопаку, кога сопругот Лука Лазукиќ физички ја нападна ноќта меѓу 13-ти и 14-ти април, Наташа Беквалац воопшто не се огласуваше на социјалните мрежи, ниту, пак, во медиумите.

Поради судењето, кое би требало да почне наскоро, како и поради трауматичното искуство, пејачката се повлече во семејно опкружување, насочувајќи се кон ќерките Хана и Катја.

Меѓутоа, по месец и пол од немилиот настан, Наташа одлучи со своите обожаватели на Инстаграм да сподели фотографија снимена со своето бебенце кое го има токму со Лука. Беквалац добива голема поддршка од фановите и колегите во оваа нејзина битка. Таа неодамна објави и фотографија со нејзината постара ќерка со што покажа дека закрепнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top