| четврток, 6 декември 2018 |

Жена пилот успешно приземји авион на фреквентна улица во Лос Анџелес (Видео)

Поради проблеми со моторот, малиот авион „цесна 172“ мораше да слета на улица полна со возила во Хантингтон Бич, во близина на Лос Анџелес.
Жената која го управувала авионот покажа особена вештина на пилотирање, бидејќи успеа на улица полна со возила вешто да го слета авионот, соопшти Еј-би-си.

Таа успешно го слета леталото на улица во близина на авенијата Хамилтон, осум милји југозападно од аеродромот „Џон Вејн“.

Жената пилот била сама во авионот и поминала без повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top