| четврток, 6 декември 2018 |

Харадинај: Косово ќе се согласи на помирување со Србија во замена за признавање

Косово ќе се согласи на помирување со Србија во замена за признавање на независноста на нашата држава, изјавил премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, и додал дека тоа нема да значи дека сторените злосторства ќе бидат заборавени.

„Што може да даде Косово за договор за признавање. Може помирување, затоа што нема што друго да даде. Помирувањето не е мала работа, тоа значи да заборавиме на нашата болка за исчезнатите и убиените, на штетата, на жртвите на сексуално насилство, на уништената економија. Не велиме дека треба да заборавиме, тоа нема никогаш да го направиме, но можеме да се помириме, за признавање. Дали тоа ќе биде оваа година? Не можам да кажам“, рекол Харадинај.

Тој додал дека Косово оваа година ќе стане членка на меѓународната полициска организација Интерпол. Убеден е дека некои земји ќе бараат членство на Косово во оваа организација.

Харадинај, исто така, рекол дека зачленувањето на Косово во Обединетите нации е прашање кое треба многу брзо да се реши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top