| четврток, 6 декември 2018 |

Страшно невреме го погоди преспанскиот регион, градот направи пустош

Силно невреме проследено со солни електрични празнења и интензивни врнежи од дожд и од град во текот на вчерашното саботно попладне го погоди Преспанскиот регион, објави Славчо Поповски од „Метеомакс“.

Градот направи пустош за краток временски период а поради интензивните врнежи за кратко време тлото и автомобилите буквално побелеа и на истите за кратко време наврна неколку сантиметри град.

За среќа на автомобилите не се регистрирани штети.

Врнежи и грмежи на повеќе места ќе има и во текот на попладнево со што повторно ќе има појава на локално невреме со врнежи од град.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top