Демократот Зоран Заев уште еднаш ги покажа своите и демократските капацитети на Владата што ја предводи. Портите од ковано железо закатанчени и кордон полицајци вооружени до заби веќе се распоредени околу Владата за да ја чуваат и да ја бранат од народот.

Владата ги затвори вратите пред народот!
Паднаа во вода напорите на СДСМ и на Владата предводена од Заев да се прикаже како отворена влада, која не се плаши од сопствениот народ.

Уривањето на оградата околу Владата беше високо на листата приоритети на Владата на Заев уште во првите денови од нејзиното конституирање, беше и тема на првата седница на оваа Влада, но и по една година кованото железно не само што не е претопено, туку и претставува бедем со кој „демократијата“ се штити од народот, кој веќе се собира за да го искаже незадоволството од нејзиното едногодишно работење.

Целта била околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните, а премиерот побарал портите да бидат постојано отворени сè додека не се отстрани оградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


