| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна исповед на познатите кошаркарки-сестрите Дабовиќ: Татко ми ни ги удираше главите од ѕид, крв имаше на сите страни!

Јелица Дабовиќ, сестрата на познатите кошаркарки Милица и Ана Дабовиќ, напиша книга „Тајната на една насмевка“, во која подробно го опиштува страшното злоставување во своето семејство. Имено, неа и нејзините сестри и братот Милан ги  злоставувал нивниот татко, а мајката никогаш не се спротивставила на тоа.

– Секогаш кога Милица на телевизија ќе кажеше дека татко ѝ е заслужен за тоа што таа и сестра ѝ се успешни кошаркарки, мене како некој да ми корнеше дел од душата. Татко ми сите четворица не малтретираше и физички и психички. Многу не тепаше, ни ја удираше главата во ѕид, а често знаеше да крене рака на нас и во јавност. Денеска не навредува и постојано тврди дека прст не кренал на нас. Оваа книга е мој начин да се изборам со сето она што го преживеав и конечно да добијам одговор од татко ми зошто го правел тоа, вели Јелица Дабовиќ.

Поради честите напади имале тешки физички повреди, но родителите не ги носеле на лекар, туку се останувало во кругот на семејството.

-Се сеќавам дека имав околу 4 години и дека ме претепа со некој пластичен чешел бидејќи заплакав кога видов дека ми се раскрвавил носот. И Милица ја претепал на иста возраст. Таа добила ќотек бидејќи не знаела течно да изговори 16 февруари 1982 година, вели Јелица и додава:

– Кога имав 16 години, веќе сериозно се занимавав со кошарка и тој ми рече да донесам 8 топки пред некој тренинг, во некоја мрежа од дома во салата и јас наместо 8 донесов 9. Крвнички ме претепа, ми ја трескаше главата во ѕид. И таква целата претепана морав да го завршам тренингот. Мене и на Милица повеќе пати ни ја удираше главата во ѕид…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top