| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот премиер на Шпанија положи заклетва

Лидерот на шпанските социјалисти, Педро Санчез положи заклетва и стапи на должност премиер, во присуство на шпанскиот крал Фелипе VI, еден ден откако го предводеше гласањето недоверба на владата на неговиот противник, Маријано Рахој. Свеченото положување на заклетва се одржа во Палатата Сарсуела.

За смена на Рахој вчера гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против, а еден беше воздржан.

Во Шпанија, гласањето доверба не значи само смена на премиерот, туку и избор на нов, поради што Социјалистичката партија, како втора водечка партија на изборите одржани во 2016 година, го предложи Санчез како кандидат.

Четириесет и шест годишниот Санчез, според најавите, идната недела ќе го именува својот кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top