| четврток, 6 декември 2018 |

Изгласани и замениците министри

Пратениците во Собранието вечерва ги изгласаа и новите четворица заменици министри чиј избор беше последна точка од дневниот ред на собраниската седница.

Нов заменик министер за надворешни работи е Андреј Жерновски за кого гласаа 67 пратеници, а 20 беа против. За Асим Муса кој доаѓа на местото заменик министер во Министерството за здравство гласаа 67 пратеници, 19 беа против, а еден беше воздржан. Ѓонул Бајрактар е избран за нов заменик министер за труд и социјална политика со 64 гласови „за”, 16 против и 3 воздржани, а Садик Беќири ќе биде заменик министер за транспорт и врски откако неговиот избор го поддржаа 64 пратеници, а 18 беа против.

Претходно Собранието избра нови четворица министри во Владата. За нова министерка за правда е избрана Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардул Даути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top