| четврток, 6 декември 2018 |

Партиските нарачки приоритет за судството на СДСМ

Судијата Добрила Кацарска денеска закажа дополнителни пет термини за одржување на рочиштата против Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ за набавка на мерцедесот во кој што се превезуваат владините функционери и високите гости.
Дополнителните термини кои ги закажала Кацарска се резервирани за 13, 14, 29 јуни и 4, 5, 9, 12, 14 јули. Вкупно осум рочишта во рок од еден месец.

Ваквата одлука на Кацарска доаѓа откако одбраната на Јанкулоска на денешното рочиште образложи дека таа се наоѓа во болница за што е доставена и медицинска документација како потврда на патолошката бременост.

Согласно документацијата што ја имала Кацарска на увид, Јанкулоска веќе влегува во деветтиот месец од бременоста, па зачудувачка е намерата да се закажат рочишта и да се принуди Јанкулоска да доаѓа осум пати во судот во период меѓу 38 и 42 недела, односно две недели по крајниот термин за пораѓање.

Кацарска дури наредила да се направи и дополнително вештачење, односно Јанкулоска да ја прегледа доктор што таа дополнително ќе го определи, т.е договори.

Кацарска веројатно очекува докторот што ќе го определи да констатира дека Јанкулоска не е спречена да доаѓа на рочиштата иако е во деветтиот месец од бременоста.

Од одбраната останале зачудени од односот на Кацарска, која отворено се заканила дека за неа не важело породилното отсуство и можела да толерира максимум 40 дена по породувањето.

„Тенк“ е еден од оние предмети со кои се води политичка хајка против обвинетата Гордана Јакнуловска, и веќе осудените Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

Сведок објави, но и самиот Никола Груевски во една изјава рече дека премиерот Зоран Заев се спогодил со судијката Добрила Кацарска, која го води предметот за набавка на луксузниот мерцедес, Кацарска да го осуди Груевски за виновен, а за возврат да биде поставена за претседател на Апелациониот суд.

Груевски: Кацарска ќе добие унапредување, јас ќе бидам осуден, а Заев ослободен за „Поткуп“ (ВИДЕО)

Ова го потврди и самиот премиер Заев во одговор на новинарско прашање. Во земја во која се почитуваат законите, изјавата на премиерот би била повеќе од скандалозна, но во Република Македонија помина речиси незабележано дека првиот човек на извршната власт си дозволи да се меша во судската власт и да изрече судска пресуда.

Заев не додржа и ја најави пресудата што ја нарача

 

Скандалозно е премиер да најавува пресуди и да ги повикува  граѓаните да гледаат. Имено Заев   во одоговор на новинарско прашање рече:

-Не може да постои неказнивост за никого, да не постојат казни и санкции за секој оној што се огрешил во однос на законот. Ова е мојот одговор на оние што велат дека сум се договорил со Груевски за неговата неказнивост. Отворете ги ушите и наслушувајте: ќе се случи правдата, нема да има ниту еден компромис, мора да има одговорност, па нека е и од свети СДСМ.

Судот ја реализираше нарачаната пресуда со затворски казни за случајот „Тенк“

 

Во пресрет на пресудата за случајот „Тенк“, братот на судијката Оља Ристова, Боби Илиевски, веќе почна да навестува каква пресуда се крои за експремиерот Никола Груевски. Со својот потег Илиевски на некој начин само даде потврда за она кое веќе се зборува во јавноста – дека процесите кои се водат против функционерите од поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ зад себе имаат длабока политичка позадина.

Брат на судијката Ристова и пријател на Ленче Ристовска ја најави нарачаната пресуда за Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top