| четврток, 6 декември 2018 |

И со полуматурите се претера: Свечен фустан, скап костим, професионална шминка, вештачки трепки и нокти

Славењето на полуматура, завршување на задолжителното, деветто одделние станува циркус во кој главните улоги ги толкуваат полуматурантите, нивните родители, а споредните пријателите и роднините.

– Бев на работа. Ми ѕвони телефонот. Се јавив. Мојата прва братучедка. Се изненадив. Кога бевме деца бевме блиски. Денеска се гледаме од свадба на свадба. Дојдете со сопругот и со децата кај нас дома во сабота, славиме полуматурска на нашата Јована… Бев зачудена. Фала на поканата и реков. Нели, кога некој те поканува, глупаво е да не отидеш. А плата нема… Доцни веќе два месеца. Се снајдовме, ставивме 1.000 денари во плик и отидовме. Маси полни со јадење. Гости и блиски и далечни. Полуматурантката во долг црвен фустан. Фризура и професионална шминка. Ги пречекува гостите пред вратата и се слика со сите. Седевме некое време и таман решивме да си појдеме, ете ти трубачи на врата. Славење, пиење, играње, пеење – раскажува скопјанката Лидија.

извор: Скопјеинфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top