| четврток, 6 декември 2018 |

Царовска: Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи

Барањата на текстилниот кластер да добијат субвенции од државата се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Царовска кажа дека на 1 мај кога имале средба со Организацијата на работодавачи и била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и текстилниот кластер се согласил со тоа.

– Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот – рече Царовска.

Од текстилниот кластер вчера побараа да добијат субвенции за компаниите и да се врати нормата за исплата на минимална плата.

– Ние она што го бараме цело време е трудоонтензивните гранки да се ослободат од плаќање на дел од придонесите и да се пренасочат во џебовите на работниците. Тоа значи дека целиот износ нема да биде загуба за буџетот на Р.М. туку дел од нив ќе се вратат преку ДДВ – изјави Мирјана Перковска, претседателка на Кластер за текстил.

Тие побараа 50 проценти од придонесите да бидат на товар на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top