| четврток, 6 декември 2018 |

Сите масовно на протестниот собир на 2 јуни: Македонија може и заслужува подобро! (Видео)

Измина една година исполнета со понижувања и лаги, една година на нереализирани ветувања, година со нула проекти, година на економско и национално истоштување, политички гафови и промашувања какви досега не сме виделе. Дури и најголемите поддржувачи и симпатизери на СДСМ денес се чувствуваат изневерени и прелажани, затоа што Заев ветуваше едно, а сега прави сосема нешто друго. Граѓаните сфатија дека изборните ветувања на СДСМ не само што биле нереални и неискрени, туку истите служеа само како алатка за да се дограбаат до власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Причините да го кренеме гласот се многу, но сублиматот на сѐ е: да го кренеме гласот за Македонија, повикуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top