Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска на денешната седница на Собранието, каде што премиерот Заев ги презентираше новите министри на Владата, праша дали новите министри ќе останат како министри на Македонија или на некоја друга држава?
-Дали овие Министри кои што денеска ќе ги изберете ќе бидат министри на Владата на Република Македонија или ќе бидат министри на на некоја друга држава?, праша Митовска.
Таа рече дека мнозинството граѓани не се чувствуваат среќни каде е Македонија и каде планира власта да ја одведе во иднина. Исто така Митовска побара од премиерот Заев да ги обелодени корумпираните функционери кои се дел од власта и да ја иформира јавноста дали во таа група спаѓаат и досегашните министри.
-Слушнавме дека имаме корумпирани функционери во власта. Ние во јавноста не видовме постапки за овие корумпирани функционери, па ве прашувам дали од сменетите министри, заменици министри, државни секретари, дел од нив или некои од нив се токму овие корумпирани функционери кои што ги споменавте во јавноста, бидејќи до ден денес не излезе кои се тие, а ветивте дека ќе ги обелодените, нагласи Митовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст