Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев да ги достави предлогот за водење преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, соопшти кабинетот на Иванов.
Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес е основен непроменлив принцип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата околу името во рамките на Обединетите нации и во никој случај не е насочен против интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.
Претседателот Иванов укажува на потребата од постигнување национален консензус за надминување на разликата околу името и наоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани