Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ја напуштија седницата во Советото на Град Скопје откако, како што велат биле мета на постојани навреди, дофрлувања, недолични политички квлификации, некултурно однесување, повреда на процедурите. Ова според нив е сликата за работата на Љубица Јанчева која е претседател на советот на град Скопје.
Советниците на опозицијата велат дека Јанчева прави грубо узурпирање на функцијата претседател на совет, но и на правата на советниците, одземајќи им го правото дадено со Деловникот на демократско изјаснување.
-Имаме позиција каде се приватизира функцијата претседател на советот и се гуши правото на опозицијата да критикува. Не изостануваат и навреди на лична основа. Петре Шилегов не сака да го чуе различното мислење, ниту пак критика за неговата неработа и нефункционалност. Шилегов како градоначалник нема исполнето ништо, нема ниту еден капитален проект, додека започнатите од минатото се закочени во целост. Неговата работа се сведуваа на козметички зафати, без суштина и решавање на проблемите, ако по утрото денот се познава Шилегов ќе биде најкатастрофалниот градоначалник на Скопје, изјавуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Тие се посочуваат дека секоја дискусија и критика кон работата на градоначалникот Шилегов е пропратена со прекини од Јанчева која дофрла политички квалификации, полемизирајќи со советниците и одземајќи им го правото на збор, нешто што е недопусливо за еден универзитетски професор, а не пак за претседател на Совет кој треба да биде непристрасен и професионален во својата работа.
-Некои прашања не заслужуваат одговор, е само една од репликите и честите упади кои ги прави Јанчева во обраќањата на советниците од опозицијата. Нејзиното однесување наликува на маалски разговор на клупа и приземна демонстрација на сила, што говори за слабост на карактерот и непознавање на процедурите, како и недораснатост на позицијата која ја има, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Поради ваквото однесување и грубата повреда на Деловникот советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја напуштија работата на последната седница на Советот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст