| четврток, 6 декември 2018 |

Христијан Мицкоски: Гордиот народ на 2 јуни ќе го одбележи почетокот на крајот на оваа неспособна и ненародна влада!

Вечерва бев во патриотско Ѓорче Петров, место на голема енергија и пркост, место каде граѓаните многу добро знаат што се случува и со загриженост во очите го гледаат разграбувањето и назадувањето на државата, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

Велат државата ни ја одземаат од рацете, гледаме како секој ден по нешто се губи, секој нов ден е нов пораз за нашата земја, и не ни е сеедно, бидејќи за разлика од некои од власта ние резервна татковина немаме и Македонија е се што имаме во нашите животи. Нашиот дом, нашата тврдина за која живееме и се бориме и нашата иднина. Затоа нашата битка е да го поразиме ова зло кое и се случува на Македонија, луѓето кои си играат со честа и достоинството за работи кои немаат цена, луѓе кои секој ден им е нова лага, ново изневерено очекување.

Совршено јасно е дека со оваа влада не се живее подобро, ниту ќе се живее една година од сега. Ниту економијата оди напред, ниту пак се гради, или создава нешто, единствено што цвета се бизнисите на картелот на власт, заробеното судство диригирано од чизмата на Зоран Заев, криминалот и корупцијата.

Затоа одговорот на сето ова е народот, гордиот народ кој на 2 јуни ќе го одбележи почетокот на крајот на оваа неспособна и ненародна влада, затоа што само така Македонија ќе победи, сите ние, за иднината на нашата држава, за нашите пријатели и иднината на нашите деца!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top