| четврток, 6 декември 2018 |

Кузмановска до Заев: Кажете дали ерга омнес прифаќате за сите предлози за името (Видео)

Дали прифаќање на ерга омнес важи за сите предлози кои се на маса во преговорите за името, го праша премиерот Заев пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска на денешната седница за пратенички прашања. Таа побара одговор и зошто беше одбиен предлогот Илинденска Македонија, ако претходно беше потенцирано дека двајцата премиери постигнале договор за овој предлог.

-Зошто беше одбиен предлогот од грчка страна и дали тврдењето од Грција дека Македонија прифатила ерга омнес за кој било друг предлог прифатлив за двете страни е точно? Различни министри различно кажуват. И клучното, дали ако веќе го направите ова, имаме гаранција дека ќе добиеме датум за преговори?, праша Кузмановска.

Заев не одговори во однос на прашањето за севкупна употреба на кој било друг предлог или тоа важеше само за Република Илинденска Македонија, како што претходно беше потенцирано. Во однос, пак, на прелогот Илинденска, Заев рече дека веќе не е во игра откако беше отфрлен од Грција.

-Убеден сум дека сме на пат кон можно решение. Шансите се огромни да добиеме датум со решение на спорот штo трае 25 години. До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение, рече Заев на прашањето за гаранции за добивање датум за преговори со ЕУ ако се реши спорот со името.

макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top