| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични за тетовец и велешанка: И барале 300 евра за интимните слики да не ги пратат на нејзиниот сопруг

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.Л. (36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ и против Б.Г. (40) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривичното дело – „уцена“.

Во текот на јули 2017 година, првопријавениот ја уценувал Н.П. од село Петралинци, дека доколу не изврши уплата од 300 евра на негова сметка, истиот ќе ги испрател интимните фотографии од неа на нејзиниот сопруг. И второпријавената, од нејзиниот телефонски број, испратила пораки со уценувачка содржина на Н.П., а во врска со уцената која и ја упатил првпријавениот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top