Службата за општи и заеднички работи на Владата објави оглас, во кој се бара фирма која ќе врши сервисирање на возилото и проценетата вредност е 27.550 евра без ДДВ, а огласот на сајтот на Бирото за јавни набавки го објави Службата за општи и заеднички работа на Владата.
„Сервисирање на моторно возило марка MERCEDES BENZ тип S 600 – BLIND, во периот од 12 месеци“, пишува во огласот.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчевски вели дека додека е во нивна сопственост возилото мора редовно да му се врши сервис и поради тоа распишан е тендер.
Мирчевски додава дека возилото не можат да го продадат додека не заврши судскиот процес за случајот „Тенк“ односно додека пресудите не станат правосилни.
Мината недела на обвинетите Никола Грувески и Ѓоко Поповски им беа изречени пресудата, односно беа прогласени за виновни. Груевски доби 2 година затворска казна, а Поповски 6 години. Но пресудата сè уште не е правосилна бидејќи тие имаат право на жалба. Исто така не е завршено судењето на Гордана Јанкуловска, на која ќе ѝ се суди во издвоена постапка поради ризична бременост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст