| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозии во израелско летувалиште

Неколку експлозии биле регистрирани во израелското летувалиште Ејлат на Црвено Море во близина на границата со Египет, соопшти портпаролот на полицијата Мики Розенфелц.

Според портпаролот, била поведена истрага, но ништо конкретно не било утврдено, а не биле регистрирани ниту повредени. Израелските безбедносни служби се обидуваат да утврдат дали детнонациите биле предизвикани од пробивањето звучен ѕид на нивните борбени авиони кои летале во таа област или станува збор за нешто друго.

Израел внимателно ги следи случувањата во Египет по уривањето на власта на Муслиманското братство.

Ејлат и претходно било цел на напади. Во април кон ова место беше истралана ракета од Синајскиот Полуостров. Одговорноста ја презедоа радикални муслимани од салафистичката група Совет шура муџахедини, со седиште во Појасот Газа.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top