Правиме напори до крајот на 2019 година, просечната плата да достигне 500 евра, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ кој вчера беше во посета на Куманово.
– Ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари и ја отворивме спиралата на раст на платите. Околу 90.000 граѓани денес добиваат поголема плата. Со новата мерка којашто ќе го стимулира растот на платите за вработените во трудоинтензивните дејности, се отвора можност за зголемување на платите на дополнителни 50.000 лица, кои сега во трудоинтензивните дејности добиваат плати до 18.000 денари. Сето ова го правиме со една цел, платата до крајот на 2019 година да достигне 500 евра – рече Манчевски.
Со граѓаните, Манчевски разговараше за спроведените мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисок економски раст и нови инвестиции, а се осврна и на актуелните прашања околу евроинтеграцискиот процес на Македонија.
– По решавањето на статусот на стечајните работници, вложуваме напори веќе од 2019 година да биде воведена социјалната односно државната пензија преку која пензија ќе добиваат и оние лица кои имаат соодветна возраст за пензионирање а немаат доволно години работен стаж. Со оваа мерка, само овде во Куманово ќе бидат опфатени околу 750 лица – истакна Манчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст