Бура од реакции предизвика видео поставено на Фејсбук од граѓанин од Битола каде се случи несекоjдневна интревенција на македонската полиција. Петмина битолчани вчера, доцна попладне, беа приведени од битолската полиција откако заедно со поголема група на граѓани се обиделе да го вратат Македонското знаме на јарболот во центарот на градот.
Откако наишле на закани од полицијата, насобраните граѓани возвратиле со отпор кон полицијата која сакала да го одземе знамето, правдајќи се дека тоа се наредби од претпоставените. По мешаницата која настана петмина битолчани биле задржани на полициски разговор во станица. A полицијата го симнала знамето.

Имено на јарболот во центарот на Битола подолго време не се наоѓа државното македонско знаме.
Токму поради оваа причина неколку битолчани се обиделе да го постават државното знаме на јарболот во Битола по што се појавила полицијата, а граѓаните добиле ќотек и притвор.
dosie.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


