| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе биде ли МПЦ „македонска“ или не: Бошњаковски појасни што побарал Заев од Вартоломеј

Премиерот Заев испрати замолница за решавање на долгогодишното црковно прашање. Во замолницата испратена од Премиерот Заев до вселенскиот патријарх Вартоломеј, не е побарано бришење на зборот „македонска“, појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција за информациите за писмото на премиерот во Вселенската патријаршија.

-За други информации е надлежен Синодот на МПЦ, додаде тој.

Вчера агенцијата на грчката црква Ромфеа објави дека Светиот синод на Вселенската патријаршија заседавал по писмото испратено од Македонската православна црква-Охридска архиепископија во кое бара промена на своето име само во Охридска архиепископија.

Вселенската патријаршија вчера соопшти дека слично писмо примила и од премиерот на Македонија, Зоран Заев. Тој од Синодот на Вселенската патријаршија побарал да се врати МПЦ-ОА во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија.

Синоќа и грчкиот премиер Алексис Ципрас во својата реакција упатена кон грчката опозиција соопшти дека „Заев побарал да се отстрани терминот „Македонија” од името на црквата на нашите северни соседи“. За оваа инфорамација Бошњаковски не сакаше да коментира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top