Македонските православни заедници, кои имаат свои храмови и се дел од Македонската православна епархија за Австралија (Сиднеј), никогаш нема да прифатат каква било промена на националниот идентитет на МПЦ или јурисдикција од некоја странска црква што има негаторски однос кон македонскиот национален идентитет и кон македонската самостојност, се вели во реакцијата на Здружението на македонските заедници од Австралија по најавите дека МПЦ-ОА од Цариградската патријаршија побарала признавање како Охридска архиепископија, со бришење на македонскиот национален идентитет на црквата.
Во соопштението се потсетува и на збунувачкото барање Бугарската православна црква да биде ‘мајка’ на нашата црква.
„Тоа нема да го дозволи македонскиот народ во Австралија, колку и некој да се потруди да заведе или врбува членови на управните одбори.
Македонските православни заедници и храмови во Австралија се основани за Македонците од православна вероисповест да не треба да посетуваат српски, грчки и бугарски храмови, во кои се злоупотребуваат свештеничките чинови за политичка индоктринација, според која Македонците се Срби, Бугари и Грци. Од исти побуди е основана и самостојната Македонска православна црква во Република Македонија, после Втората светска војна, како дело на вековната македонска националноослободителна борба. Според тоа, секој обид за промена на националниот идентитет на МПЦ со цел Синодот да влезе во друштво со хиерархиите на други национални цркви, за нас претставува угнетување на македонскиот народ и узурпација на неговата народна црква.
Историската Охридска архиепископија/патријаршија, како и Цариградската патријаршија, била географски управен центар на православието со јурусдикција врз делови од Македонија и македонскиот народ, во периоди кога православието не било поделено на национални цркви, а епископските и царските владатели биле од разни народи.
Иако ја почитуваме историската улога на Охридската патријаршија/архиепископија, како и на Цариградската Патријаршија во развитокот на православието во Македонија и меѓу македонскиот народ, ги осудуваме обидите сентименталноста околу средновековната историја да се злоупотреби за заведување на македонскиот народ, со цел тој да се откаже од националниот идентитет на својата современа црква, додека останите национални православни цркви си го задржуваат својот.
Ако мнозинство од Синодот прифати промена, односно бришење на националниот идентитет на МПЦ, под притисок на актуелната квислиншко-балистичка власт во Република Македонија, ќе предизвика раскол помеѓу оние кои ќе останат верни на македонските темели на црквата и оние кои ќе се стават во служба на угнетувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст