| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе-премиерот од дворот на оградената влада: Оградата ќе ја тргнеме, бројчаникот ќе го поставиме

Една година помина откако Заев се заколна дека ќе ја тргне оградата од ковано железо поставена околу зградата на Владата и исто толку време помина откако се заколна дека ќе постави бројченик за враќање на парите кај граѓаните на Портата Македонија. И тука застана, на ветувањата и на заклетвите. Ќе-премиерот и вчера, на прес-конференцијата одржана во дворот на оградената влада вети дека ќе ѝ ја тргне оградата на веќеотворената влада. Зоран Заев пред новинарите повтори дека не отстапува од намерата и дека веќе дал насоки на службите за целосно симнување на оградата.

-Владата е целосно отворена, министрите постојано имаат контакт со граѓаните, внимаваме на безбедносните мерки. Оградите се симнати со нашето доаѓање на власт, но очекувам и целосно отстранување на оградата околу зградата на Владата, рече тој.

Во врска со ветувањето за поставување бројчаник за враќање на парите кај граѓаните на Триумфалната капија, Заев рече дека очекува тоа да се реализира за многу скоро време, бидејќи во институциите била почната постапката.

– За бројчаникот на триумфалната порта, се надевам дека институциите ќе си ја завршат работата. Пари ќе се враќаат со пресудите и со барањата внатре во институциите, рече Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top