Нов урбанистички скандал повторно ја потресува Општина Струга, но овој пат, некој, за нечиј интерес и добар финасиски бенефит, а на штета на сите граѓани на општина Струга зацртал 11-катна зграда во непосредна близина на обалата на Охридското Езеро – пишува Охрид скај.
Денеска во 12 часот во просториите на Општина Струга, нацарт изведувачот на овој дел од детелниот урбанистички план на Општина Струга, битоласката фирма „Иванов инжинеринг“-Битола, го бранеше овој монструмски план за опфатот на местото кое се наоѓа на локација на стара Стружанка на следните катастарски парцели:
КП.бр.2651/11
КП.бр.2651/12
КП.бр.2651/15
КП.бр.2651/16
КП.бр.2651/18
На овој дел е предвидено хотел, станбени обејекти ламели 1,2,3,4,5, нова населба, магацински простории и бензиска пумпа. Постоечката градежна парцела е ГП.бр.22.3.20/1,2,3,4,а со измените градежните парцели се следните ГП.бр.23.3.1, ГП.бр.23.3.4, ГП.бр.23.3.5.
Изготвувачот на планот „Иванов Инжинеринг“-Битола, но и советот на општина Струга, кој донел одлука за промена на ДУП за овој дел, до таа мера се забегало од сите можни градежни стандарди, па така, на ГП.бр. 22.3.20/5 – новиот дел замислете изнесува П+9+Пк или доколку тоа се премета во висина, изнесува фантастична 40 метарска зграда? Редакција Охридскај направила 3 Д приказ како би изгледало ова шаренило на овој дел на Струга.

ЗА СИТЕ П+5+ПК, А САМО ЗА ЕДЕН П+9+ПК, ДОДЕКА ПРИСТАПЕН ПАТ СЕ ОДЗЕМА ОД МЕСТО НА ГРАЃАНИ ПОРАДИ ВИШ ИНТЕРЕС?
Скандалот со ваквото урбанистичко решение ги надминува сите нормални граници,истиот е тотално неразбирлив, конвузен и надвор од сите Закони за градба. За напомена во минатото во Струга беа изградени три висококатници, од кој едната не само што целосно се искриви, туку и истата тоне по 50 сантими годишно.
Изведувачот на проектот „Иванов Инжинеринг“-Битола, при изготвувањето на идејниот проект на ДУП за овој дел на Струга, воопшто не предвиделе Статика, Динамика, не зеле во предвид дека во Струга водоводниот систем е во распад и не може да опслужи граѓани со вода ниту до 3 кат во летниот период, исто така не земале во предвид распаднатиот канализационен систем, кој тие тврдат дека фекалните и дождовните води ќе одат во Колекторскиот систем, кој само и да работи за оваа 11 висококатница, нема капацитет да ја опслужи нејзе, а не камоли градот Струга
Она што додатно фрла темна дамка, но и сомнение за Урбана Мафија во Струга е фактот што само овој дел , на само еден сопственик на спорната градежна парцела , му се доделува катност од 11 спратови , додека на сите пред, до неја и позади неа му се доделува дупло помала катност?!Каде е урбанистичката логика еден напед да добие 11 ката , а тој позади него да биде во сенка со 5 ката?!Надвор од секоја здрава логика.
Главни задачи на урбанизмот се создавање и одржување на ред и структура во населените места, како и обезбедување на систематски и координиран развој. Задачите на урбанизмот опфаќаат сложен комплекс од социјални, економски, инженерски, архитектонски, правни и проблеми поврзани со животната средина, нешто што со овој план комплетно се девастира.
Урбанизмот во една држава е детерминиран од општественото уредување, степенот на развој на производствените сили, културата и науката, природно-климатските услови, и националните особености на државата, но по се изгледа во Македонија ова е надвор од важност, на важност се само бојата на парите?!
Останува само едно, а тоа е надлежното министерство за транспорт и врски, веднаш да го сопре понатамошните дејствија за поминување на овој ДУП во Струга, но и да им укаже јавно дека Струга не е Дубаи?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


