| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Дешамп го советувал Гризман да остане во Атлетико Мадрид

Антоан Гризман одигра уште една одлична сезона со Атлетико Мадрид, но се уште нема донесено конечна одлука за неговата иднина, односно дали и понатаму ќе му остане верен на шпанскиот вицешампион или ќе се пресели во нова средина.

Уште пред неколку месеци се појавија шпекулации дека Гризман веќе се договорил со Барселона, но вистината по се изгледа е дека тешко му е да пресече, а за тоа говори веста која ја пренесе француската радио станица „РМЦ“.

Според нив Гризман побарал совет од селекторот Дидие Дешамп кој пак наводно му порачал да остане во Атлетико затоа што во Барселона ќе биде во сенка на останатите како на пример на Лионел Меси. Дали ова ќе му помогне на Антоан да се одлучи останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top