| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски од Прилеп: Eдинствените промени во Македонија се оние кои потврдуваат дека се оди кон полошо

Денес бев во градот херој – Прилеп кој многу дал за Македонија, место на комитскиот и партизански непокор и пркост. Токму затоа споделив со луѓето на Прилеп едно мое чувство за нешто што денес сите го видовме, а прставува една неверојатна иронија и лицемерие, пишува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

– Ги видовме луѓето од Владата денес поредени пред споменикот посветен на партизаните. Слика која во себе има многу спротивности. Горе ги имаме оние кои се бореле за Македонија и својот влог го потврдиле со своите животи, партизаните чие дело и денес се слави, а доле под нив ги имаме оние кои ја разградуваат и уништуваат Македонија, оние кои на дневна основа продаваат и распродаваат, тоа е владата на Зоран Заев. Говореа за некакви промени, а единствените промени во Македонија се оние кој потврдуваат дека се оди кон полошо, пишува Мицкоски.

– Говорат за некакво ослободено судство, а единственото што се ослободи е Зоран Заев од случај каде јасно се гледа што прави и што бара, потоа предвидувајќи и диктирајќи пресуди, говореа за инвестиции, а досега една лопота не фрлија, говорат за живот, а она што обичниот човек го чувствува е само чемер и јад.
Ова е владеење каде патриотизмот го преставуваат за нешто лошо и опасно, поразот и капитулацијата го прикажуваат за победа, недостоинствените нешта ги прикажуваат за заштита на интересите.

Како што додава Мицкоски, ова е влада која се фали со повеќе пари во буџетот, но која не кажува дека се собрани од поголемите давачки за граѓаните.

– Затоа велам доста е. Скапо ја плаќаме нивната неспособност, нивното незнаење и нивните криминални амбиции. Одговорот на сето ова е народот и никој друг. Затоа ајде на 2 јуни пред владата да го означиме почетокот на нивниот крај. И громогласно да кажеме Македонија ќе победи!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top