
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело -“тешка кражба на дрзок начин“. Имено, на 7-ми овој месец околу 15.00 часот пријавениот на автобуската постојка на ЈСП на улицата “Александар Урдаревски“, во населбата Бутел, ја забележал оштетената која чекала автобуски превоз.
Во еден момент од зад грб и се приближил и со употреба на физичка сила насилно и го скинал златното ланче кое го носела околу вратот, по што со трчање се дал во бегство во правец кон улицата “Хо Ши Мин“. По извршеното кривично дело пријавениот украденото златно ланче, за сума од 120 евра, го продал во златара лоцирана во Стара Скопска Чаршија.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


