Порталот „Комуникација“ веќе не работи. Сопственикот на веб-сајтот Бобан Насев е осомничен за измама тешка 21.000 евра. Истражен судија му определи мерка притвор од 30 дена откако полицијата го уапсила поради пријава од пет граѓани, кои, според полициската пријава, ги измамил.
Граѓаните пријавиле во полиција дека Насев лажно се претставувал дека е висок функционер или вработен во институциите на различни министерства и им ветувал дека ќе ги вработи за определена сума од илјадници евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.