
Фотографија од еден ученик од САД како оди пешки кон автобуската станица облечен во свечена униформа за да стигне на својата матура, многу брзо почнала да се шири на социјалните мрежи. Ова младо момче не ни замислувало неговата упорност и истраност дека ќе му донесе ваков подарок за неговата матура.
Возач од Алабама од својот автомобил го фотографирал Кори Патрик (19) како пешачи кон автобиуската станица. Тој се преселил, па заради тоа морал секој ден да патува 90 минути до училиште бидејќи неговите родители немаат автомобил. Кори секое утро околу 4.30 тргнувал, менувал неколку автобуси за да стигне на школо, а дома се враќал дури по 19 часот.

Фотографијата од Кори како тој оди на матурската церемонија со автобус стигнала до радиот водителот Рики Смајли кој побарал помош од своите слушатели да го најдат момчето на кое тој му подарил автомобил.
– Кори за многумина треба да биде инспирација. Неговата преданост треба да се цени. Треба да биде поука за многу луѓе дека не треба да се откажуваат колку и да им се чини тешко, изјавил радио водителот на денот кога на Кори и неговите родители им ја подариле колата.
Момчето освен авотмобилот, ќе добие и целосна стипендија на Универзитетот Џексонвил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


