| четврток, 6 декември 2018 |

МКЦ слави влез во Лига на шампионите

Со големата бесплатна забава насловена „Славиме влез во Лига на шампиони“, Младински културен центар (МКЦ ) вечерва ќе го прослави акредитирањето на фестивалот „Синедејс“ во меѓународната асоцијација ФИАПФ.

Забавата почнува во 21 часот на платото пред МКЦ, со сетовите на познатиот њујоршки диџеј Џонатан Тубин и македонскиот диџеј Гоце САФ.

Станува збор за федерација на филмски и телевизиски продуценти, која вбројува 38 продукциски куќи од 31 земја на светот.

Со едногласна одлука за време на Генералното собрание на ФИАПФ во февруари годинава, Синедејс го доби признанието „Competitive film festival specialized in European first and second feature films“.

Признанието, како што велат од МКЦ, значи дека „Синедејс“ е во друштвото со 47 фестивали од светот, вклучувајќи ги Берлин, Бусан, Кан, Сан Себастијан, Торонто и Венеција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top