| четврток, 6 декември 2018 |

Бев толку голема што не сакав да се погледнам во огледало: Ослабела скоро 50 килограми, а никогаш нема стапнато во теретана

– Пред околу 3 години почнав нагло да се дебелеам. Никогаш во мојот живот сум немала проблем со килограмите, но овој пат почнав многу брзо да ги качувам. Едноставно, јадев се што ќе посакав, без да обрнувам внимание во кој дел од денот е тоа и колку е количински. Немав никаква физичка активност, а последиците на тоа можете да ги видите на фотографиите, ја почнува својата приказна за тоа како се вратила во форма Американката Џесика Питиус.

Во април минатата година таа вели дека стигнала до точка во која повеќе не сакала да се види себеси во огледало бидејќи била згрозена од формата на нејзиното тело. Кога минувала покрај стаклени излози низ градот, гледала на другата страна.

– Веќе во мај решив дека мора под итно да преземам нешто и се пркилучив на програмата „Weight Watchers“. Ми се допадна, бидејќи без притисок те поттикнува да гледаш на процесот на слабеење како на пат кој заедно со другите членови мораш да го минеш. Инструкторите и готвачите од програмата не обучија за големината на оброците, состојките со кои готвите, закуските меѓу оброци и начините на готвење што ги прават јадењата поздрави.

Џесика раскажала дека пратејќи ја оваа програма голем број од деновите за појадок јадела омлет од две јајца со малку сирење или овесна каша со една банана. За ручек земичка со парче мисиркино месо и салата, а за вечера нешто со многу протеини и зеленчук.

– Далеку поздравата исхрана ми даде повеќе енергија и желба да се движам повеќе. Почнав со кратки прошетки, па продолжив со одење и враќање пешки од работа и искачување до високите катови по скалите (работам на 12 кат). По неколку месеци почнав редовно да одам на пливање, се разбира, продолжувајќи со здравиот начин на исхрана. Една работа што никогаш не ја направив додека слабеев е да влезам во теретана. На тој начин ослабев 46 килограми за околу една година, вели Џесика која додава дека сите кои ја прашуваат за диетата, им вели дека таа не држела дитеа, туку го променила начинот на живот и исхрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top