| четврток, 6 декември 2018 |

Вердиевата „Аида“ ги затвора годинешните Мајски оперски вечери

Приказната за мистичниот Египет, Вердиевата „Аида“, утревечер (31.5) традиционално ќе ги затвори и овогодинешните 46. по ред Мајски оперски вечери. Љубовниот триаголник помеѓу робинката Аида, командирот на војската Радамес и принцезата Амнерис ќе не пренесе во едно минато време, а изведбите на Ана Лукреција Гарсија (Венецуела), Валтер Фракаро (Италија) и Софија Јанелидзе (Грузија) ќе ни приредат волшебно искуство и задоволство. Во останатите улоги се нашите првенци Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Марјан Јовановски, Александара Лазаровска Василевски и Марјан Николовски. Диригент е нашата Бисера Чадловска, а режијата на Дејан Прошев.

Овој настан е посветен на нашата примадона Данка Фирфова по повод 100 годишнината од нејзиното раѓање. Во нејзина чест, со почеток во 19:00 часот, Македонската опера и балет подготви ретроспектива на нејзините достигнувања во оперската уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top